Корисни совети од Лепа Брена за тоа како успеала да ослаби 17 килограми

59

Лепа Брена спаѓа во познатите личности што вишокот килограми го регулираат со помош на советите на нутриционистите, па така, популарната пејачка успеа да ослаби 17 килограми.

Навистина е можно да држите диета шест месеци“, ја почнува својата приказна Лепа Брена за „Блиц жена“, откривајќи дека навредливиот коментар на еден келнер ја поттикнал да почне со диета.

Мислев дека ќе дојде пејачка, кога дојде трафостаница“, рекол тој, повредувајќи ја, но и мотивирајќи ја да ослаби.

Наутро обично јадев едно или две јајца. Настојував да бидат органски произведени. За ручек јадев посна супа без маснотија и тестенини. Всушност, повеќе беше вода со бланширан зеленчук, но не варен до бесвест, па да не можете да добиете ниту еден витамин од него. Задолжително јадев и некое месо, печено на скара или варено, а за вечера парче риба или емсо со салата“, раскажа популарната пејачка.