Батали функција ти си роден за сообраќаец или едниот е министер за финансии и премиер, а другиот е градоначалник на Скопје и сообраќаец – ова се дел од низата коментари на твитерџиите кои вчера ги преплавија социјалните мрежи, а беа реакција на видеото во кое се гледа Шилегов како воведува ред во сообраќајот во близина на Сити Мол.
Коментарите и реакциите се поделени, дел го поддржуваат градоначалникот во својата намера, а дел го осудуваат. Еден од коментирате беше во насока на тоа дека градоначалникот е во право и дека конечно е време некој да им укаже на таксистите дека неправилно се паркираат. Други пак сметаат дека тоа што го прави Шилегов е смешно и трагично.
Сите коментари може да ги прочитате по видеото кое следи: