Скопјанец паднал од автобус, со тешки повреди е пренесен во болница

137

Патник со тешки повреди бил пренесен во болница по пад од автобус.

Настанот се случил вчера попладне на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје,

„Во автобус управуван од Б.М.(59) од Скопје, при сопирање, патникот Б.А.(22) од Скопје паднал на подот од автобусот и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Св.Наум Охридски“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.