Во август: Слоници од Белгија доаѓаат во Скопје

1252

Новиот директор на Зоолошката градина во Скопје, Ѓорѓи Галетановски најавува доаѓање на нови животни.

– Чест ми е што градоначалникот и градските власти ми ја доделија оваа функција. Зоолошката градина е лицето на градот, и јас како вршител на должноста директор ќе работам и ќе дадам се од себе да го подигнеме рејтингот на највисоко ниво за посетителите од целата држава да уживаат кога се овде. Најпрвин ќе работиме на хигиената. Сепак тоа е најважниот дел. Слоновите пристигаат во август, а шимпанзата и другите нови животни ќе ги обезбедиме во септември – тврди Галетановски за Фокус.

Новиот директор Галетановски со години работеше како менаџер на скопски кафулиња и дискотеки, а од пред два месеци е вработен во Зоолошката.

Во Зоолошката градина летово треба да стигнат слонови. Од Зоолошката градина во Белгија во Скопје ќе дојдат две слоници, од расата индиски слон и се стари триесетина години.