Додека на српската естрада до неодамна владееше паника бидејќи Цеца Ражнатовиќ и нејзиниот син беа позитивни на коронавирус, сега владее паника меѓу спортскиот свет затоа што Новак Ѓоковиќ и Јелена се заразени со Ковид 19.
Во Македонија се уште се зголемува бројот на заразени.
Македонскиот музичар Спасен Силјаноски од Кичево е позитивен на корона, а тој ова вест ја потврди преку својот „Фејсбук“.
ФОТО: ФЕЈСБУК
„Не е грев да се добие ковид-19, бидејќи не знаеме кој го носи, но грев е да се прикрие доколку се има и да се заразат твоите блиски роднини и пријатели. Затоа, поради моја морална и етичка одговорност ви го соопштувам ова“, напиша тој.
Спасен откри како се заразил, но и како се чувствува.
„Бев во контакт со инфицирано лице со Ковид-19 и одлучив да направам и јас тест, кој за жал денес покажа дека е позитивен, односно дека во моментов сум позитивен на Ковид-19. За моја среќа немам никакви симптоми и потешскотии, но како што е процедурата во интерес на општо добро ке се придржувам кон самоизолацијата се до добивањето на два последователни негативни теста. Ви посакувам здравје на сите, внимавајте на вашите контакти и со Господ напред се гледаме за 14 дена, јас пиво частам“ додава тој на „Фејсбук“.
ФОТО: ФЕЈСБУК
Потсетуваме, македонскиот пејач, водител, музичар и композитор Драган Вучиќ почина поради компликации со корона.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











