Двајца повредени во тешка сообраќајка во Скопје

153

На бул.“Никола Карев“ вчера се случила сообраќајна незгода помеѓу „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управуван од М.Д.(36) од Скопје и „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од С.П.Ј.(37) од с.Речица-кумановско.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.С.(35) од Скопје сопатничка од возилото “голф“ со скопски регистарски ознаки, по што била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Со телесни повреди се здобил М.Д. и бил пренесен во Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Скопје.