Сите за Цаци: Разбудете ја хуманоста во себе и донирајте!

110

Минатата есен, Цаци доби неочекувани симптоми на вкочанетост на десната страна од телото: прво десната нога, потоа и рака. Бидејќи е премногу активна 28-годишна девојка, помисли дека е само секојдневно предупредување дека нејзиното тело е изморено и ѝ треба одмор.

За жал, симптомите беа сигнал на посериозна состојба. По епилептичен напад, на Цаци ѝ беше дијагностициран Глиобластома – малигнен тумор во моторниот кортекс, на левата страна на главата. Потребна беше итна хируршка интервенција (во приватната болница „Систина“), по која следуваше радиотерапија и 9 циклуси хемотерапија. Првенствено, резултатите ветуваа позитивен исход. Но, на последните резултати од магнетната се покажа дека туморот се вратил и брзо прогресира, пораст од четири пати за еден месец. Поради новонастанатата состојба мораше итно да се оперира, по втор пат.

Бидејќи ова е еден од поагресивните верзии на канцер, потребна е терапија во специјализирана болница во САД, The University of Texas MD Anderson Cancer Center. Во моментов сè уште се чекаат резултати од ткивото, а докторите не можат со сигурност да кажат каков вид на терапија ќе биде потребна. Но едно е сигурно, дека медицинските трошоци за било каков третман во болницата во Хјустон, САД се очекуваат да стигнат до 2000.000 УСД. Па затоа би ве замолиле кој колку може да донира за да се спаси еден млад живот, кој допрва треба да ужива во својата младост. Постојат повеќе начини за да придонесете:

Активна е кампања на „GoFundMe“, каде секој може да го одреди износот кој сака да го донира.

Отворени се сметки во Стопанска Банка на име Славица Тодоровска: 200003381608851 за трансакции во МКД, за уплати од странство ставени се на располагање две девизни сметки: IBAN: MK07200003381613507 USD MK07200003381611470 EUR SWIFT Code, BIC Code: STOBMK2X.

Активни се броеви за донација: VIP 143 483 и Телеком 143 107

Тимот на Цаци и Цаци Ви благодари од сè срце!

loading...