Плакати на кои пишува „Се бара Груевски – Владата е подготвена да прими уште еден осуден криминалец“, излепила опозициската партија во Унгарија, Моментум, на повеќе локации во Будимпешта, пренесуваат унгарските медиуми.
На плакатите пишува и дека „Груевски не е првиот криминалец што го прифаќа Унгарија: меѓународни криминалци доаѓаа во Унгарија како соработници на сирискиот диктатор“, алудирајќи на лица кои плаќале пари и купувале обврзници, а на сметка на тоа добивале унгарско државјанство.
Моментум е прилично млада опозициска партија во Унгарија основана во 2016 година и не доби доволно гласови на последните избори за да има свој претставник во Парламентот.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















