НОВИ 15.000 ЛУЃЕ БЕЗ РАБОТА: Зошто се зголеми невработеноста?

66

Пандемијата или печалбарите ја зголемија невработеноста? Поделени се мислењата на оваа тема.

Министерот за економија Крешник Бектеши, има поинаков став од министерката за труд и социјална политика,  Јагода Шахпаска. Вчера Шахпаска изјави дека невработеноста ја зголемиле  и печалбари, кои поради пандемијата се вратиле во Македонија и се пријавиле како невработени, а министерот за економија  вели, не видел такви анализи. Бектеши не верува дека дијаспората ја зголемила невработеноста. Тој посочи на граѓаните кои биле дел од сивата економија и почнале да се пријавуваат како невработени, за да користат дел од антикризните мерки.

„Не сум видел такви анализи дека нашите граѓани кои живеат надвор го зголемиле бројот на невработени. Од пандемија во Македонија моментално има невработени некаде околу 15.000 граѓани, согласно податоците кои ги имаме од Агенцијата за вработување. Јас немам такви податоци да бидам многу искрен и чесен не сум имал прилика да ја следам изјавата на колешката Шахпаска.“ –изјави Бектеши.

Шахпаска во интервју за Радио Слободна Европа, беше категорична дека и печалбарите ја зголемиле невработеноста.