Сите ѝ завидуваат на идеалниот брак со згодниот актер, но таа сега ја открила вистината

1228

Шпанската актерка и манекенка Елса Патаки и нејзиниот сопруг, актерот Крис Хемсворт живеат во среќен брак, а својата среќа не ја кријат ниту на социјалните мрежи каде објавуваат заеднички фотографи.

Тие важат за еден од најатрактивните парови и нивниот брак делува совршено и идеално, но актерката во едно од последните интервјуа признала дека и тие имаат свои подеми и падови.

“Смешно ми е што луѓето нè сметаат за совршен пар. Нема шанси да сме совршени. Имаше подеми и падови, но и понатаму работиме на нашата врска”, изјавила Патаки.

View this post on Instagram

Siesta en familia 💤 Family nap 🐶

A post shared by Elsa Pataky (@elsapatakyconfidential) on

Таа открила и дека по речиси 10 години брак не е лесно да се биде со ѕвездата на “Avengers”, но и дека тајната на нивната љубов се крие во работење на меѓусебниот однос.

“Мислам дека врската е всушност една постојана работа која воопшто не е лесна”, заклучила таа.

Елса и Крис се венчаа по само 3 месеци врска, на изненадување на сите. Тие денес се горди родители на 8-годишната Индија Роуз и 6-годишните близнаци Саша и Тристан.