Почетна Забава Симона Поповска во самоизолација покажа уште еден талент за кој можеби не...

Симона Поповска во самоизолација покажа уште еден талент за кој можеби не сте знаеле дека го поседува

685

Многумина познати личности ги ставија на „стенд бај“  своите актвиности и ангжамани, па се самоизолираа во своите домови.

Македонските пејачи и пејачки се вклучија во живо преку социјалните мрежи каде што се дружеа со своите фанови, следбеници, па со музика пробаа да го „избркаат“ коронавирусот.

Македонската пејчака и докторка Симона Поповска овој период го користи за да се релаксира и ужива во својот дом.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

Добро знаеме дека Поповска има талент за музика, но знаете ли дека дека нејзините вешти раце имаат и талент за готвење? Епа, да.

ФОТО: ИНСТАГРАМ/ТОМИ ТРАЈЧЕВ

Иако на социјалните мрежи таа често објавува фотографии од своите професионални активности и ангажмани, овој пат Поповска покажа уште талент за кој можеби многумина не знаеле дека го поседува.

Имено, таа покажа дека знае да готви и тоа не било што, туку специјален рецепт од книга за готвење, односно мусака од тиквички. Со крајниот резулатат пејачката се пофали на социјалните мрежи.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

На око ова изгледа убаво, но дали е вкусно, тоа може да каже оној кој го пробал специјалитетот.

Дали овие денови, Поповска повторно ќе ги засука рукавите и ќе подготви уште некое јадење останува да видиме.