(ФОТО) ДА ВИДИШ ДА НЕ ВЕРУВАШ: Во водите на велешкото езеро „Младост“ фотографиран огромен сом!

977

Не е тајна дека на дното на велешкото езеро има огромни сомови, кои лежат, речиси неподвижни, вкопани во тињата и се хранат со помали риби.
Фотографија на која се гледа огромен сом на површината на водата, се тврди дека е фотографирана викендов во водите на велешкото езеро „Младост“. Фотографијата е објавена од велешанец, кој на фејсбук има профил со име Nik Morisson.

Не е тајна дека на дното на велешкото езеро има огромни сомови, кои лежат, речиси неподвижни, вкопани во тињата и се хранат со помали риби. Но, ова е реткост сом да се приближи на површината на езерото, за да може да биде фотографиран. На фотографијата, на левата страна од сомот може да се забележи контура на уште една голема риба.