Симбол на пркосот на Велика Британија: Погледнете чие знаме се вее на запленетиот танкер

296

Иранската државна телевизија објавила снимка на која се гледа британскиот танкер “Стена Имперо” со иранско знаме закачено на јарболот.

Бродот е закотвен на пристаништето Бандар Абас на југот на Иран.

Видео снимката прикажува британски танкер под иранско зелено-бело-црвено знаме. На кратката снимка се гледа и патролен брод како кружи околу танкерот.

Судејќи според снимката, бродот моментално е практично празен. Само на горниот дел од палубата во еден момент се гледаат неколку луѓе.

Иранскиот амбасадор во Велика Британија, Хамид Бединеџад, предупредил дека е можна ескалација на тензиите, откако британските власти одбиле да ја исклучат можноста за воведување на санкции за Техеран како одговор на тоа што Иран го запленил британскиот нафтен танкер во Ормускиот залив.

Животот и здравјето на членовите на екипажот на танкерот “Стена Имперо” не се загрозени, но морнарите како и претходно остануваат на бродот, соопштила амбасадата на Русија во Иран.

“Успеавме да стапиме во контакт со портпаролот на иранското МНР, Бендер Абас. Според неговите зборови, целиот екипаж на бродот, како и претходно, останува на бродот, се врши истрага. Морнарите слободно се движат на палубата без никакви ограничувања”, рекол Гањенко.

loading...