Француските научници дошле до заклучок дека во многу земји смртноста од Ковид-19 е пониска поради специфичностите на нивната национална кујна.
Истражувањето покажало дека одредена храна, доколку истата редовно се консумира, може да ја спречи веројатноста за продирање на вирусот во организмот, кaко и неговото деструктивно дејство.
Некои прехранбени производи имаат функција на „природен штит“ од вируси.
На пример во Иран стапката на смртност е висока, додека пак во Турција и Туркменистан е значително пониска.

Во Германија бројот на заболени и смртни случаи е понизок од нејзините најблиски соседи, а Јужна Кореја е лидер по овие показатели во нејзиниот регион.
Група од 25 научници на чело со професорот по пулмологија на Универзитетот во Монпелје, д-р Жан Буске (тој е поранешен претставник на СЗО), се обврзале да откријат што е заедничко во земјите со помал број смртни случаи.
Истражувачите ги пронашле како заеднички елементите на исхрана во тие земји.
Жителите на Турција, Грција и Бугарија редовно пијат јогурт и кефир, кои што претставуваат „жив штит“ против вируси.
Неочекувано, во Германија и Јужна Кореја се докажало дека користат редовна исхрана која што содржи кисела зелка, кисело млеко…

Според мислењето на професорот Буске:
„Откривме дека ферментираните млечни напитоци и киселата зелка можат да ја намалат активноста на ензимот ACE2 кој што коронавирусот го користи за продирање во клетките“ – изјавил тој.
„Јас го сменив начинот на исхрана. Сега јадам зелка три пати неделно и пијам кефир за доручек“ – додал тој.



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















