Бугарските медиуми се шокирани поради фалсификуваниот пасош кој бил најден со пари и други документи во областите Бургас, Пловдив, Пазарџик, Софија и Шумен, со учество на агенти на тајните служби на САД и со помошта на Европол.
Како што јавува бугарскиот портал dnevnik.bg , кај криминалната група која била лоцирана во подземна гаража на хотел во „Сончев брег“ која била претворена во печатница, биле пронајдени 360 илјади долари и 410 илјади евра и плус пасош на познатиот „Рамбо“ , нормално „издаден“ од МВР Софија , од кој се гледа дека актерот Сталоун е роден во Софија и кај националноста му стои – Бугарија.
Бугарски Дневник уште додава:
„Пасошот беше презентиран пред клиентите како примерок за високо квалитетна изработка, според Специјалното обвинителство. Девет лица се приведени, а шест се веќе обвинети.“
Останува да видиме дали ќе се „пронајдат“ Бугарски пасоши и на Меси, Путин, Александар Вучиќ и Тина Тарнер.














![[ВИДЕО] Џиновската ракета на SpaceX за првпат кружеше околу Земјата: Снимките се спектакуларни](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/09/SYIjn-space-x-depositphotos-737795274-xl-218x150.webp)




















![[ВИДЕО] Џиновската ракета на SpaceX за првпат кружеше околу Земјата: Снимките се спектакуларни](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/09/SYIjn-space-x-depositphotos-737795274-xl-100x70.webp)

