Битолски Еурофарм Пелистер ги доби противниците во групната фаза во ракометната Лига на Европа.
Битолскиот тим ќе игра во групата Д, а противници се тимот на Ним од францускиот шампионат, потоа силниот Спортинг Лисабон и непредвидливиот тим на Кадетен Шафхаузен.
Групата ја комплетираат унгарска Татабања и АЕК од Атина.