Шведски провокации: Лазаров не е добар како порано

65

Шведскиот селектор Глен Солберг се пожали дека повлекувањето на Чешка му создало огромни проблеми бидејќи неговиот стручен штаб минал неполни два месеци со анализа на првиот противник на СП. Буквално во „пет до дванаесет“ Швеѓаните дознаа дека наместо со Чешка ќе мора да играат со Македонија, што значеше и дополнителна работа за Микаел Франзен, стратегот задолжен за видео-анализа на противниците во шведскиот стручен штаб.

Тој имаше кратко време за да ги подготви ракометарите за квалитетите на македонскиот тим, како главна опасност ги посочи Лазаров и Стоилов, но и истакна дека македонскиот капитен не може да игра на нивото од претходните големи натпреварувања.

„Кога се појавија првите најави дека Чешка ќе се повлече станав порано од вечера и почнав да работам. До два часот наутро ги склопував видеата што потоа им ги поделив на капитените и на селекторот. Ги анализирав последните квалификациски натпревари за ЕП, против Финска и Швајцарија. Можам да кажам дека Лазаров и Стоилов се одлични ракометари, што ја прават Македонија поопасна селекција од Чешка. Лаззаров веќе не е добар како порано, не може да издржи толку долго време на теренот. Сепак, она што го има загубено на физичката кондиција, го надополнува со рутината и искуството. Севкупно гледано, мислам дека сме добро подготвени за дуелот со Македонците“, истакнува Франзен.