“Штркот” повторно слета кај него: Џамбо Агушев татко по третпат!

799

Македонскиот музичар познат ширум светот, струмичанецот Џамбо Агушев /нагалено наречен Jumbo El Kapetano, поради неговиот омилен летен морнарски стил/ за својата приватност многу ретко зборува, а уште поретко споделува приватни фотографии, не сметајќи ги оние од неговиот ФБ. Сепак има исклучоци, како што е овој сега.
Причината е голема. Тој вчера стана татко на своето трето дете. Доби ќерка која ќе се вика Мелинам.

Тато Џамбо среќната вест ја сподели со фановите и пријателите на својот Фејсбук профил.
„Фала му на Бога, мојата ќерка Мелинам се роди. Добредојте во нашето семејство, моја убава ќерко!“ – напиша Џамбо.
Инаку, Џамбо е десет години во среќен брак со сопругата Асена. Тие веќе имаат деца, тоа се ќерката Севги и синот Мерт.

Тој неодамна во разговорот за весникот ВЕЧЕР изјави дека оваа ситуација со коронавирусот има и една добра страна: – Јас многу сакам да јадам и сум голем гурман, а особено сум љубител на италијанската и турската кујна. Освен во кујната, останатото време го минувам со мојот син Мертчо, кој многу ми фалеше за време на моите многубројни настапи низ светот. Па сега гледам да ги надоместам сите тие моменти. Така што во секое лошо има секогаш и добра страна!