Што Ајнштајн мислел за Бог?: Писмото на славниот физичар наскоро на аукција, се очекува да биде продадено за вртоглава сума

842

Писмото на познатиот физичар Алберт Ајнштајн во кое ги изнесува своите размислувања за религијата и сопствената еврејска вера, наскоро оди на аукција, каде се очекува да биде продадено за 1,5 милиони долари.

Таканареченото “писмо за Бог” кое Ајнштајн го напишал во 1954 година ќе биде понудено на аукцијата “Christie’s” во Њујорк кон почетокот на декември.

Писмото кое опфаќа страница и пол е напишано на германски јазик и е посветено на филозофот Ерик Гуткинд, а истото се смета за клучен напис во расправата за науката и религијата и размислувањето на Алберт на оваа тема. Досега, писмото било дел од збирка на приватен колекционер.

“Зборот Бог за мене не е ништо друго освен израз и производ на човековата слабост. Библијата е збирка на чесни, но примитивни легенди. Ниедна интерпретација, колку и да е суптилна, не може да го промени тоа”, напишал научникот.

Тој додал и дека го сака и почитува својот народ, но дека не верува дека е “избран”.

“Еврејската вера, како и сите други вери е олицетворение на детски празноверија. Не гледам тука ништо “избрано” во нив”, напишал нобеловецот.

Питер Кларнет, експерт за книги и раскописи во “Christie’s” вели дека писмото е “една од пресудните изјави во дебатата за науката против религијата”. Аукциската куќа проценува дека писмото вреди 1,5 милиони долари.