Шоу на Михајловиќ и Ибрахимовиќ на „Сан Ремо“… (ВИДЕО)

92

Синиша Михајловиќ и Златан Ибрахимовиќ приредија вистинско шоу на познатиот музички фестивал „Сан Ремо“.

Зборувајќи за меѓусебното пријателство, Синиша нагласи дека запознавањето не било баш пријатно.

„Нашето пријателство започна со удар со глава“ – се насмеа Михајловиќ мислејќи на судирот за време на натпреварот меѓу Јувентус и Интер, во кој напаѓачот доби црвен картон.
„Работата со Златан е во тоа што не можеш да му се закануваш. Морате да го испровоцирате. Беше толку лут што ме удри со глава и беше исклучен. Кога се приклучи на Интер, сакав да му вратам за услугата. Така покажуваме наклоност“ – порача Михајловиќ.

И двајцата се приклучија на водителите одлучувајќи заеднички да испеат песна. На Михајловиќ и тоа како добро му одеше, за разлика од Златан кој навистина се мачеше. На прашањето дали знае кои се авторите на песната, Ибрахимовиќ во свој стил само одговори:

„Не, но тие знаат кој сум јас“.