(Во живо) Последно збогум за Марадона, улиците на Буенос Аирес претесни за реката од фанови

74

Во Буенос Аирес во тек е последното збогување на нацијата од Диего Армандо Марадона, а река од луѓе дојдоа да се простат од популарниот „Ел Пибе“.

Ковчегот со телото на Марадона е изложен во Розовата куќа (Каса Росада), претседателската палата во срцето на аргентинската престолнина.

Преку ковчегот е поставено големо аргентинско знаме, над кое се наоѓа дресот на националниот тим со број десет, што го носеше Диего.

Аргентинците скршени ја испраќаат фудбалската легенда, по тажната вест која беше објавена во средата, а се проценува дека милион луѓе ќе му оддадат почит на поранешниот фудбалер.

Во меѓувреме, ситуацијата е напната на улиците.

Работите функционираат така што насобраните луѓе минуваат низ Розовата куќа и се збогуваат со Марадона, за што нема многу време, бидејќи луѓето можат да поминат само покрај ковчегот меѓу кој има ограда.

Големата толпа ги создаде првите проблеми во Буенос Аирес, полицијата веќе неколку пати реагираше поради оние кои сакаа да се приближат до ковчегот на Марадона.