Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез пристигна денес во Италија.
Причината за неговото пристигнување не е трансфер, иако многу се пишуваше за тоа во претходниот период, но Уругваецот ќе мора да полага тест за италијански пасош.
Неговата сопруга е италијански државјанин. Суарез сака да го земе својот пасош за да не се смета повеќе за странец во Европа, а денес ќе полага тест за државјанство во Перигија.
Во минатото Суарез се поврзуваше со трансфер во Јувентус. Тој имаше договор со „Старата дама“, но преговорите брзо пропаднаа бидејќи тој не сакаше да се откаже од обештетувањето што ја бараше во Барселона.
После тоа, се случи пресврт. Тренерот на Барселона, Роналд Куман изјави дека ќе смета на него следната сезона, но дека нема да му пречи ако конечно реши да си замине.
Атлетико Мадрид и ПСЖ се поврзуваат со 33-годишниот напаѓач и ќе видиме што ќе се случи со него во наредниот период.