Нека оваа година празничната трпеза биде поубава од кога било.
Декември веќе пристигна, а тоа значи дека е вистинско време за размислување за новогодишната трпеза.
Денеска ви претставуваме рецепт за многу вкусно и интересно предјадење.
Потребни состојки:
– 500 гр. крем сирење
– 150 гр. кисели краставички
– 200 гр. варено пилешко месо (или шунка)
– 50 гр. мајонез
– 1 чешне лук (по вкус)
– сол по вкус
– бадеми за декорација
Начин на подготовка:
Во крем сирењето додајте го ситно исечканиот лук и мајонез и изматете ја смесата со миксер или добро измешајте.
Ситно исечкајте ги краставичките, а свареното пилешко (или шунката) исечете го на помали коцки и додајте ги во претходната смеса. Посолете по вкус.
Сè добро измешајте, а потоа обликувајте ја смесата во облик на шишарка и ставете ја на чинија.
Наредете ги бадемите врз обликуваната смеса, како на сликата. Украсете ја салатата со гранчиња рузмарин или копар.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















