Пејачката Јелена Розга проговори за своите здравствени проблеми и стресот со кои се соочува во текот на последниве години од нејзината кариера.
„Со денов претходно чувствував дека нешто не е во ред, но мислев дека тоа е само од стрес и замор, затоа што беше јануари, а претходната година ми беше многу напорна и тешка. Тој ден кога ми беше дијагностицирана тахикардија, срцето ми чукаше толку многу што се плашев дека само ќе се срушам и ќе паднам“ – рече Розга. Открила дека има проблеми со срцето по еден ненадеен напад што променил сè.

„Најважно е што помалку да се вознемирувам, не само заради срцето, туку и заради тироидната жлезда. После таа епизода во јануари 2018 година, немав поголеми проблеми. Ги одработев сите концерти во изминатите три години без никакви проблеми. Благодарение на терапијата и дисциплината, физички се чувствувам одлично. Сè уште можам да пеам и да танцувам со мојата публика речиси два часа“ – рече пејачката.

Таа прима терапија со бета блокатори последните три години поради своето срце, а со години има проблеми со тироидната жлезда. Тоа е хормонска терапија за која Розга пие таблети секое утро. А, проблемите ги открила во 2006 година.

„Се будев уморна, постојано се чувствував изнемоштено и слабеев. Отидов на лекар и добив дијагноза. Наскоро почнав да земам лекови, понекогаш е тешко да се живее така, понекогаш е полесно“ – раскажува апејачката.
Овие проблеми многу влијаат на нејзиното расположение, а во комбинација со стресот, сè станува потешко.

„Најлошо за мене е кога ќе се случи да имам закажано снимање, а јас сум целосно потечена. Не си ги препознавам рацете. Ајде, тоа е најмалку важно затоа што рацете секогаш можете да ги скриете, но моите очни капаци, очите, устата … Знам да бидам потполно непрепознатлива“ – искрена е Розга.
Фото: Приватна архива/Инстаграм принтскрин/rozgajelenaofficial








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)





![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)









![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-100x70.webp)



