Научници од Кембриџ направиле истражување за тоа како храната влијае на попречувањето на растот и ширење на ќелиите на ракот. Тие утврдиле дека ќелиите на ракот на дојката “се хранат” со хранливите состојки како аспарагус, кој може да се најде во овошјата, морската храна и други видови на храна.
Истражувањето беше спроведено на Институтот на Кембриџ на глувци кои имаат агресивен облик на рак на дојка. Глувците би умреле за неколку седмици, бидејќи туморот би се проширил на целото тело, но научниците им давале храна која има ниско ниво на аспарагус или лекови кои ја блокираат оваа состојка, па туморот не се проширил.
Аспарагусот е аминокиселина која му прави блок на протеините кои дополнително ги хранат ќелиите на ракот.
“Ова е голема можност за оние пациенти кај кои е тешко да се открие каде се наоѓа ракот”, рекол професорот Грег Ханон.
Минатата година Универзитетот во Глазгов направи анализа која покажа како со намалувањето на внесувањето на аминокиселини и гилицин го успорува развивањето на лимфомите и појавата на рак на цревата.
“Утврдивме дека специфичните форми на ракот зависат од специфичните состојки на хараната која ја внесуваме. Во иднина, се надеваме дека со модифицирањето на исхраната на пациентите или употребата на лековите кои го менуваат начинот на кој ќелиите на туморот можат да му пристапат на овие состојки ќе ги унапредиме резултатите на терапиите”, додава Ханон.
Почетната фаза на туморот не е смртоносна. Кога метастазата ќе настапи на сцена тогаш доаѓа до фатални последици. Ќелиите на ракот поминуваат низ големи промени за да се прошират, се разделуваат од главниот тумор и поминуваат до одреден дел на телото каде понатаму се развиваат. Научниците веруваат дека голема улога во ова има аспарагусот.