Она што го правите, секогаш ќе се враќа: Добрината секогаш го наоѓа својот пат

131

На почетокот на 20 век, еден ден, еден селанец се враќал накај дома од својата нива. Поминувајќи покрај мочуриштето, одеднаш слушнал повик за помош. Човекот го следел гласот и здогледал едно момче кое беспомошно се давело во мочуриштето. Човекот некако успеал да најде гранка и го спасил детето. Детето се тресело од студ кога излегло надвор.

Човекот му рекол: „Дојди кај мене дома, мораш да се смириш и да се загрееш.“

Детето рекло: „Не можам, татко ми ме чека. Веројатно е многу загрижен.“

Следното утро, селанецот видел два расни коњи и кочија пред неговиот двор. Еден добро облечен господин излегол од кочијата и рекол: „Дали Вие го спасивте мојот син?

Човекот одговорил: „Да, јас го спасив.“

  • „Колку Ви должам?“
  • „Господине, немојте да ме навредувате. Ништо не ми должите. Го направив она што секој нормален човек би го направил!“
  • „Но, јас не можам да го оставам тоа така, сепак се работи за мојот син! Кажете ми сума!“
  • „Не сакам повеќе да разговарам за тоа – збогум!“ – рекол човекот и тргнал кон куќата. А тогаш неговиот син дошол кај него.

Господинот го видел детето и прашал: „Ова е Вашиот син?“

Човекот со гордост рекол: „Да“.

  • „Ајде да направиме вака: ќе го одведам твојот син во град и ќе платам за неговото образование. Ако е племенит како неговиот татко, тогаш ниту ти, ниту јас ќе зажалиме за својата одлука.“

Поминале неколку години. Синот на селанецот завршил средно училиште, а потоа и медицински факултет, а набргу потоа неговото име станало светски познато. Тоа дете се викало Александар Флеминг: човекот кој го пронашол пеницилинот. Пред војната, синот на господинот влегол во една лондонска клиника со запаление на белите дробови. Што мислите кој му го спасил животот? Пеницилинот!

Името на господинот кој му го платил образованието било Рандолф Черчил. Неговиот син бил Винстон Черчил, идниот премиер на Велика Британија.

Можеби токму затоа Черчил во една прилика рекол: „Сѐ што сте правеле, сигурно ќе ви се врати!“