Ханан Мазоузи Собати сака да вози бесни автомобили под полн гас, а со неа и многу други. Сепак во 21 век сѐ уште важи стереотипот дека жените се лоши возачи. До неодамна на нив им беше “забрането“ да седнат на возачките седишта, а сега благодарение на овие газели стереотипите започнаа да се рушат.
На врелиот асфалт во Дубаи, било дојдено до идејата да се основа првиот клуб за суперавтомобили само за жени. Тие возат со полна брзина и адреналин, а мажите им се чудат.
Дизиленд за возрасни
Многумина го перцепираат Дубаи како Дизиленд за возрасни, тука е “дувлото“ на познатите личности и брзите автомобили, кадешто сонцето постојано сјае.
“Тука луѓето доаѓаат да направат пари. Тука Вие сте со причина“, изјавил Јарви, капетанот на меѓународните авиони во Америка.
Ниски цени
Јарви сонувала да има “порше“ со коешто ќе може да “лета“ низ Емиратите.
“Овде цените се 50 % пониски од другите градови, реално и немате што друго да купите“, изјавила Јарви.
80 жени
Јарви е една од 80 – те жени коишто се членки на клубот Арапски газели.
Директорки и домаќинки
Клубот е основан пред само две години, а бројот на неговите членови континуирано расте.
Најголемиот број на членки се жени коишто имаат свои бизниси, меѓутоа има и неколку коишто се само домаќинки.
Автомобили во крв
Собати е родена во Алжир, а живеела во Велика Британија и во Катар, пред да се пресели во Дубаи.
Како девојче се играла со автомобилите на нејзиниот брат, па така ја развила оваа страст и решила целиот живот да го посвети на автомобилите.
Гас
Основачката на арапските газели Ханан Собати фотографирана во ганц новото “порше 911 GT3 RS.“