Kiko Navarro е DJ и еден од водечките шпански продуценти на хаус музика, добро познат и на скопската публика. Преку 20 години кариера го направија еден од најпрепознатливите ликови на електронската сцена во Европа. Со години, Navarro е резидент DJ во Pacha Mallorca и редовен гостин во Pacha Ibiza (официјален резидент DJ во 2008 година) и Space Ibiza (резидент во 2012).
Листата на клубови во кои настапувал е огромна, а меѓу нив и The Egg (London), Fabric (Moscow), Cocoon (Frankfurt), Duel Beat (Naples), Prive (Estonia), Bolivar Beach Club (Athens)… За неговата популарност, доволно говори податокот дека e официјален DJ на Moto GP тимот на Ducati од 2008 година.
Како DJ, Navarro е секогаш ориентиран кон потребите на клаберите кои моментално се наоѓаат на подиумот и точно знае како да ја „подмачка“ атмосферата за време на неговите сетови. Од друга страна, како продуцент се задржува на основите на вистинската house музика. Продуцира уште од 1997 година, а во 2000 ја формира Flamingo Discos – неговата издавачка куќа. Неговите траки како „Siempre“ и „Soñando Contigo“ станаа светски познати хитови, а првата доживеа ремикс од Jumpster и редовно е дел од сетовите на артисти како Jeff Mills, Derrick May и Vince Watson.
Освен продукција на свои траки и колаборации, Navarro се истакнува и со огромен број ремикси на популарни артисти од целиот свет кои безрезервно ја поддржуваат неговата работа.
Facebook настан: https://www.facebook.com/events/393453721143308/








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)















![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












