Шармантниот Ромео Бекам има нова девојка – се забавува со ѕвездата од “Stranger Things”

999

Синот на познатиот фудбалер Дејвид Бекам, Ромео Бекам од неодамна се забавува со ѕвездата од ТВ серијата “Stranger Things”, Мили Боби Браун, пренесува Мирор.

Ова 16 годишно момче излегува со една година помладата Мили која ја запознал на еден од собирите на УНИЦЕФ пред три години. Тие двајца оттогаш започнале да комуницираат, па таа дури се пошегувала кога рекла дека неговото место е во нејзината иднина. Сепак, парот не ја започнал врската веднаш, туку тоа се случи од неодамна.

“Уште е рано, само што започнаа со врската, но тие се многу симпатичен пар. Викторија ја одобрува Мили и е нејзин голем фан”, рекол извор за The Sun.

И додека неговиот постар брат Бруклин постојано ги полни насловните страни на магазините поради жените со кои се забавува, на Ромео ова ќе му биде прва јавна врска. Мили пред Ромео се забавувала со Џејкоб Сарториус, но во јули 2018 потврди дека се разделиле.

Ромео моментално се занимава со мода, а неодамна сите тројца браќа се отажале од тренингот по фубдал во Арсенал. Ромео, Бруклин и Круз имале договори со помладата постава на овој клуб, но сите тројца рекле дека не се пронаѓаат во тој спорт и се откажале.

“Се сеќавам дека го затекнав Ромео како плаче во тоалет, кога го прашав што му е тој ми рече дека сака да се откаже од фудбалот, но не сака да го разочара својот татко”, рекла Викторија.