Во бизарното видео поставено на Јутјуб се гледа како паранормалните истражувачи го поврзуваат наводниот патник низ времето со детектор за лаги.
Патникот познат под името Адам Арчон тврди дека доаѓа од не толку далечната 2045 година. Таинствениот човек скриен зад замагленото лице вели дека се согласил на детектор за лаги во обид да ја потврди неговата приказна. Во видеото, тој е поврзан со Алиенвер лаптоп и жици, но на снимката нема вистински полиграф.
Тој продолжил да одговара на прашања за себе и за иднината, а на екранот постојано блескал зборот “вистина”.
“Морам да ви докажам дека е вистина така што ќе ги прифатите информациите кои ви ги давам и ќе го направите светот подобро место”, вели Адам.
Патникот одговарал на низа прашања за имплантираниот чип во неговата рака, вонземјаните кои ја посетуваат Земјата во 2028 година и откривањето на патувањето низ времето.
“Да, вистина е дека вонземјаните слетаа на Земјата во август 2028 година. Всушност, ние знаеме за нивното постоење и пред 2028 година, но тогаш ѝ станува познато на јавноста. И да, вистина е дека патувањето низ времето стана познато во 2028 година, но истото е измислено во 1981 година”, истакнува самонаречениот патник низ времето.
Арчон потоа го потврдува името на последниот претседател на САД, храброто тврдење кое претходно го изнел подеднакво таинствениот патник Ноа Новак.
Тој вели дека Јоланда Рени Кинг, внуката на активистот за човекови права Мартин Лутер Кинг Џуниор, ќе победи во претседателската трка. Според неговите зборови, вонземјаните нема да дојдат на Земјата од вселената, но не можел да даде повеќе детали. Во 2030 година, сите земји од светот ќе се спојат под знамето на една глобална супердржава.
До 2045 година, со светот ќе управува супер напредна форма на вештачка интелигенција која ќе ја надгледуваат само 10 луѓе.
“Да, постои вештачка интелигенција која ќе раководи со целиот свет, позната е како Светлост. Таа се поставува во секој поединечен уред и можете да ја прашате што сакате, а таа ќе ви го даде одговорот на најдобриот можен начин”.