Драма во морето покрај Франција: Се запалил брод, евакуирани 27 луѓе

293

Првиот реморкер кој дошол до бродот во пламен не успеал да го изгаси пожарот, а уште два реморкера кои тргнале кон него, пристигнале кога бродот веќе потонал во морето.

Италијански товарен брод се запалил во неделата крај францускиот брег. Од бродот во ноќта во неделата кон понеделникот биле евакуирани 27 морнари.

“Гранде Америка” пловел од Хамбург во Германија кон Казабланка во Мароко.

Францускиот министер за заштита на околината, Франсоа де Руги претходно рекол дека не знае што пренесувал бродот, но дека биле преземени мерки против загадување.

“Како и секогаш во таквите ситуации, постојат ризици од загадување, не можеме тоа да го демантираме. Тука, пред се, е моторното гориво на бродот”, рекол министерот.

Првиот реморкер кој дошол до бродот не успеал да го изгаси пожарот, а уште два реморкера кои тргнале кон него, пристигнале кога бродот веќе потонал во морето.