Сестрата на Аргентинецот ја откри најголемата болка на легендарниот Марадона!

112

Без разлика што од смртта на Диего Марадона мина речиси една недела, неговото име е постојано присутно во јавноста, пред сѐ поради изнесување работи поврзани со неговиот живот, како што е откритието на неговата сестра Ана за тоа што била неговата најголема болка.

Според неа, тоа било отсуството од неговиот живот на ќерките Далма и Џанина Марадона, кои во последните години беа во војна со аргентинската легенда и често го критикуваа во медиумите.

„Кога одевме да го видиме Диего, тоа беше зашто го сакавме и никогаш не баравме ништо од него. Знам што беше неговата најголема болка – ќерките кои го имаа напуштено. Каде беа Далма и Џанина кога му беа најпотребни на својот татко? Би сакала тие самите да ми се јават и да ми објаснат. Диего стори многу за нив, но кога најмногу му требаа, нив ги немаше никаде. Ние како семејство никогаш не сме имале ништо против нив, а тие зборуваа глупости и против нас и против Диего. Тоа беше голем удар за мојот брат. Зарем ќе се омажеа толку добро ако не беа ќерки на легендарниот Диего Марадона“, изјави Ана Марадона.

Таа ги демантираше обвинувањата дека живеела на сметка на богатството на својот брат.

„Никој од нас не живееше од парите на Диего. Тој знаеше да биде великодушен и понедкогаш да ни помогне, но ние имаме сопствени примања доволни за нормален живот. Премногу луѓе зборуваат лаги, а не ги знаат фактите“, тврди сестрата на Марадона.

Изјавата на Ана за ќерките на легендарниот фудбалер е малку контрадикторна со однесувањето на една од неговите ќерки, Далма Марадона, која беше снимена како плаче 90 минути гледајќи натпревар на Боја Јуниорс од ложата каде што во минатото гледала натпревари заедно со својот татко.