Престолнината на Португалија е еден од најубавите и најинтересните градови во Европа и светот, и е вистински хит за сите љубители на патувањата…
Кога ќе посетиме некој град, во зависност од тоа колку време имаме на располагање, секогаш размислуваме за тоа што треба задолжително да видиме, а што би можеле да прескокнеме.
Секако, на тоа не влијае само времето, туку и парите кои сме подготвени да ги потрошиме.
Лисабон, меѓутоа, има решение за двете работи. Тоа е град во кој за помалку од 3 евра, можете да се разгледаат неговите најпознати и најважни знаменитости.
Доволно е да влезете во “старинскиот” трамвај на линијата број 28 и за 2 евра и 90 центи ќе добиете тура во текот на која ќе можете да видите некои од најзначајните места на тој интересен град.
Влезете во трамвајот на плоштадот Праца Мартим Мониз, и тој ќе ве вози низ тесните улици на историската населба Граца и ќе ве одведе до Тврдината “Castelo De Sao Jorge”, изградена во 11-тиот век.

Кога од таму ќе продолжите со возењето, набрзо ќе се најдете во уште еден познат кварт во стар Лисабон – Алфами.
“28-цата” понатаму продолжува покрај познатите лисабонски катедрали, големиот плоштад и населбата Сао Бенто, до гробиштата Празерес.

Лисабон добил електричен трамвај во 1901-ва година. Имал 28 линии, кои успешно ги совладувале нагорнините на брдовитиот град. Денес има само шест.
“28-цата”, меѓутоа, е навистина нешто посебно. Само, држете се цврсто, некои кривини на тесните улици во Лисабон се навистина остри.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)










![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











