Сексапил на прагот на педесеттите: Хелена Кристенсен позираше во бикини кое го носеше пред 27 години

443

Преубавата манекенка Хелена Кристенсен ја покажала својата витка фигура во костим за капење кој го носела пред точно 27 години. За ова издание, таа очекувано добила најголеми пофалби.

Данскиот модел во својата 47-ма година сè уште воодушевува со изгледот, а најновите фотографии за списанието “InStyle” докажуваат дека таа навистина грациозно старее.

Хелена носела заводливо металик бикини на Тиери Маглер во кое позирала во 1991 година, а многумина се согласуваат дека и денес совршено ѝ прилега.

“Го носев истото бикини на Тиери Маглер кога мојот драг пријател и ментор Херб Ритс ме фотографираше во 1991 година за списанието “LA”. Тогаш беше тесен, а и сега е, но успеав. Ви благодарам што ми овозможивте повторно да го носам”, напишала таа на Инстаграм.

Иако веќе ѝ се ближи педесеттата година од животот, никој не би можел да го претпостави тоа бидејќи оваа раскошна убавица го задржала своето тонирано тело, но и младешкиот изглед.