Сега е јасно зошто Дејвид Бекам не го вади капчето од глава (ФОТО)

727

Дејвид Бекам, меѓу другото, е познат по своите интересни фризури, но изгледа дека наскоро нема да го гледаме како експериментира…

Во британските медиуми се појавија фотографии кои, најблаго кажано, ги стаписаа неговите сограѓани. Бившиот фудбалер е фотографиран додека излегувал од еден локал, а веќе при прв поглед очигледно е дека косата значително му е проретчена.

Британските медиуми информираат дека Бекам досега вложил вистинско богатсво во негата на косата, а пред две години направил и пресадување коса.

За жал, не успеа да ја победи природата и тешко дека наскоро ќе го видиме да ги диктира трендовите кога станува збор за машките фризури.