Сите лидери на вчерашната лидерска средба се согласиле дека здравјето е пред се , па затоа очекувам дека ќе го почитуваат , рече министерот Филипче.
Протоколот е составен од четири дела, а за него ќе биде информиран претседателот Пендаровски.
Треба да се запазува социјалната дистанца , заштитна маска , односно прекривка на носот и устата и задолжително често миење на рацете.
При одржување на собири во кампањата мора да се придржуваат кон овие мерки, рече Филипче , па дури и за помали собири да се користат разгласни уреди. Кампањата врата до врата да се води согласно истите протоколи. Партиските собири да се одржуваат на отворено , а во затворен простор не теба д атраат повеќе од два часа.
Да нема голем број активисти на еден штанд за делење материјали , најмногу двајца.
партиските возила да бидат поплнети најмногу педесет проценти , а превозниците да користат средства за дезинфекција
На денот на избори членовите да носат маски , да се проветруваат просториите , гласачите да чекаат на дистанца , да се дезинфицираат пред и по гласањето , а маската ја симнуваат само за идентификација. Да се зголеми времето на гласање за еден или два часа за да се избегне метеж на гласачкитеместа , рече Филипче , како дел од протоколите од Комисијата за здравство.















![[ВИДЕО] Петмина загинати, а 10 сериозно повредени во масовни верижни судири на бугарски автопат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/bugarija-nesreka-218x150.jpg)


![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)



















