Рампа за Гејтс! Американските власти ја запреа програмата за тестирање на Ковид-19 спроведена од милијардерот, FDA не му дава дозвола

1753

Американските власти ги запреа тестирањата за коронавирус кои што во Сиетл беа покренати на иницијатива на Бил Гејтс.

Програмата на Гејтс спроведена во Сиетл требало да биде тест за формирање на поширок надзорен систем за коронавирусот во САД.

Американската администрација за храна и лекови (FDA), наредила да се прекинат околу 100 тестирања дневно во Сиетл, кои што беа покренати од страна на милијардерот Бил Гејтс, пренесуваат од „RT“.

Гејтс најави дека низ програмата SCAN ќе бидат тестирани по 300 луѓе дневно, но сега било објавено дека програмата ‘моментално е на пауза поради конфликтот со FDA’.

Програмата на Гејтс претходно добила одобрување од Департмент за здравство на државата Вашингтон, но дополнително било утврдено дека за експерименталните тестирања на вирусoт потребна е дозвола од федералните власти.

FDA побарала дополнителни податоци за програмата SCAN, преку која што се спроведуваат тестирањата на луѓето кои што немаат симтоми на коронавирусот, врз основа на земање брис од носот.

Гејтс навел дека оваа програма би требало да биде тест за формирање на ‘надзорен систем за ширење на коронавирусот’, а истиот го спроведуваат пет здравствени оргазнизации од Сиетл.

Програмата треба да послужи како пример во кој што би се набљудувале резултатите од тестирањата спроведени на луѓето кои што го имаат вирусот, но и оние кои што немаат никакви симптоми на истиот, односно како вирусот се шири, кој е најзагрозен и дали мерката за социјално дистанцирање помага.