Се разболе од тага за починатиот син: Почина и мајката на актерот Небојша Глоговац

615

Милена Глоговац, мајката на починатиот српски актер Небојша Глоговац, починала во петокот на 74 години.

Според објавата на семејството погребот бил одржан вчера во 14 часот.

За потсетување, Небојша Глоговац почина на Институтот за онкологија и радиологија во Белград во февруари 2018 година, по тешко боледување. Познаниците на семејството велат дека неговата мајка од болка по него, набрзо се разболела и починала од тага.