На социјалната мрежа Фејсбук се појави видео од спроведувањето на екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во затворот „Идризово“.
Јанкулоска во Идризово беше спроведена со полициска приидружба откако за тоа наредба дал судија за извршување на санкции.
Гордана Јанкулоска е осудена на 4 години затвор во предметот „Тенк“ за злоупотреба на службената должност и овластување. Освен Јанкуловска, во овој предметот како виновни се прогласени Ѓоко Поповски (кој веќе е во извршување на казната затвор) и Никола Груевски кој моментално е во бегство во Унгарија, (осуден на две години затвор).