Се појави фотографија од нападот на Палевски

588

На Фејсбук се појави слика од претепаниот Љупчо Палевски – Палчо од непознати лица пред неговата куќа. Палевски има неколку хематомина главата, скршена рака и неколку повреди по телото, велат извори од болницата.

Лекарскиот тим ја следи состојбата и се консултиураат, за да утврдат дали има потреба од оперативни зафати.

„На 17.09.2020 година околу 17,15 часот пријавено е дека на улица Златко Шнајдер од страна на две лица кои биле со моторцикл со употреба на метален предмет бил нападнат Љ. П. Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.

Првичната претпоставка е дека нападот е политички мотивиран.

Од неговата партија Трета на Фејсбук објавија: “Палчо е пребиен од двајца на мотор пред куќа. Облечени во црно,со црни кациги. Со шипка маван и боксирачи по глава.

На 55 годишен ли бе? Упатен е према болница со брза помош. Пи,ки“..