Која е мистериозната Колумбијка Соња Суарез Гомез, девојка на Страхиња Јовановиќ и како таа успеа да се спаси од атентатот само со мали повреди!?

350

Страхиња Стојановиќ, кој им подлегна на повредите во неделата на 13 септември, откако му беше поставена бомба под џипот, тој ден планирал да оди на автомобилски трки со неговата партнерка Соња Суарез Гомез од Колумбија.

Соња Суарез Гомез, која беше полесно повредена во експлозијата, им рече на истражителите дека таа и Стојановиќ тргнале да одат на трки со автомобили во Ушче во неделата.

После испрашувањето, и било забрането да ја напушти Србија до крајот на истрагата.

Таа е во тешка психичка состојба, пишуваат српските портали. Таа изјавила дека биле среќни пред експлозијата и дека имале намера да одат на трки.

Кога се случила експлозијата, според неа, Страхиња викал од болка.

Се обидов да го извадам. И еден минувач истрча и ми помогна, вели таа и објасни дека се сретнала со него во 2019 година во Мадрид, на една забава.

Според извор на истрагата, двајцата влегле во интимна врска, но таа наскоро отпатувала во Мајами со својата ќерка.

Кога се врати во Мадрид, тие ја продолжија врската. Таа беше во Србија за прв пат на почетокот на годината, а потоа за кратко време повторно отиде кај нејзината ќерка, која се породи. Таа пристигна во Србија во март.

Стојановиќ бил надвор од Србија повеќе од една година, претежно во Шпанија, но се вратил со новата девојка пред да се воведе вонредната состојба. Атрактивната Колумбијка од март скоро секој ден објавува фотографии на социјалната мрежа, а со тоа им откри на своите следбеници, кои се близу 27.000, каде е Стојановиќ.

Соња Суарез Гомез е од Богота има ќерка Паола, а неодамна стана баба. Нејзината ќерка, позната манекенка, ги наполни страниците на светскиот печат во 2016 година, бидејќи протекоа фотографии на кои таа е во прегратките на прославениот фудбалер Кристијано Роналдо.

Страхиња Стојановиќ, кој беше убиен со ставање експлозив под неговиот автомобил во неделата, неколку месеци пред да биде убиен патуваше низ светот со Колумбијката Соња, која беше со него во моментот на страшната експлозија и беше полесно повредена во тој инцидент. Стојановиќ има дебело досие зад себе, пред две години некој се обиде да го убие на идентичен начин, но тогаш само со огромна среќа тој ја избегна смртта. Стојановиќ е поврзан со убиството на добро познатиот белградски адвокат Мишо Огњановиќ, кој беше бранител на шефот на земунскиот клан, Лука Бојовиќ.

Инаку, Страхиња Стојановиќ, кој ги загуби двете нозе во експлозијата на џипот БМВ Х5 во Нов Белград, а еден час подоцна им подлегна на повредите во болницата, вчера беше погребан во Белград во присуство на околу 100 лица.

Колумбијката Соња Суарез Гомез (45), која беше во врска со Страхиња шест месеци, беше меѓу првите кои пристигнаа во капелата, во придружба на неговите роднини и пријатели. Некое време, таа не можеше да влезе во капелата каде што беше телото на Страхиња. Викаше и плачеше покрај џипот во кој пристигна, привлекувајќи го вниманието на сите присутни. Двајца млади момци се обиделе да ја смират, па ја вратиле во автомобилот.

Два дена пред погребот беше купен гроб во елитниот дел на гробиштата. За скапата гробница од црн мермер беа исплатени 25 илјади евра во готово. Неколку млади момци дојдоа и го договорија купувањето, пишуваат српските медиуми.