Можете ли да замислите некоја девојка во улога на една од најголемите секс симболи во историјата на Холивуд?
Најавено е снимањето на серијата со наслов „Pam & Tommy“ којашто ќе зборува за бракот на рок ѕвездата Томи Ли и секс симболот на 90-те години Памела Андерсон.
Серијата ќе го опфати периодот кога во јавноста се појави нивното сега веќе популарно „домашно видео“.
Парот којшто во брак бил од 1995 до 1998 година ќе го одглумат ѕвездата на „Одмаздници“ – Себастијан Стен, којшто на социјалната мрежа Инстаграм сподели фотографија во филмскиот костим и Лили Џејн. Себастијан на фотографијата позира во кожни панталони, а горниот дел од телото му е гол и покриен со тетоважи по кои што тапанарот од метал бендот беше познат.
Доколку мислите дека оваа трансформација е фантастична, можете ли да ја замислите англиската актерка Лили Џејмс во улогата на Памела Андерсон?
За среќа, не мора да замислуваме поради тоа што Лили се пофалила на социјалната мрежа Инстаграм со нејзината трансформација.
Таа споделила фотографија на којашто ја гледаме во улогата на Памела Андерсон, па напишала:
„Прекрасно е да бидеш русокоса. Кога очекувањата се мали, многу е лесно да ги изненадите луѓето“.
Реакциите од нејзините обожаватели биле очекувани:
„Ова не е Лили Џејмс. Морав да пребарувам, мозокот ми експлодираше, не можам да сфатам дека ова е Лили“, напишала некоја нејзина обожавателка додека пак еден од фановите напишал дека трансформацијата е „совршена“.
Да ве потсетиме – ова е Лили:






![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)







![[ВИДЕО] Колони возила пред бензинските во Русија, земјата се соочува со недостиг на нафта](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2022/03/benzin-gorivo-960x639-1-100x70.jpg)
![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)

