Се јави сопственикот на дивоградбата кај „Мавровка“, ќе се бори до крај, еве што порача

1033

Сопственикот на објектот – дивоградба кај „Мавровка“, која денеска се урива по интервенција на Владата, вели дека објектот е легален, а на оној кој го сака му порача да дојде и тој ќе му го подари.

Мевљудин Алити се пожали дека денеска закажал прес-конференција за новинарите во 11.30 часот, а Владата почнала да го урива објекот пред тоа.

– Нека руши државата како што е научена да руши. Ми ги остави вработените без плата, семејството без леб – додава Алити.

Во однос на дозволата за градење, тој и неговиот адвокат се повикуваат на член 76 од Законот за градба, каде се вели дека за обнова на објект нема потреба од дозвола за градба.

Велат дека не е точно дека немаат имотен лист, туку дека во Катастар е впишан објект од 330 метри квадратни, и дополнителни 86 квадрати. За оваа парцела тој има елаборат и објектот е легализиран како деловен објект, статус што го имало кафулето пред да биде запалено пролетва и да изгори до темел.

Тврди дека само за комуналии на општината ѝ има исплатено 4,7 милиони денари.

– Од нас е поднесено барање до Општина Чаир за обнова на објектот, на кое не добивме одговор. Денеска гледаме дека објектот се урива. Никој не може да не условува дали ќе градиме со бетон или друг материјал, се додека не излегуваме од дозволеното место за градба и ако не ја нарушуваме стабилноста на земјиштето – вели адвокатот.

Исто така, тврди дека тој не го пресекол дрвото кое беше пред објектот. Покажа и фотографии, односно планови од тоа како треба да изгледа новиот објект што се гради.

Сосптвеникот вели дека на суд ќе ја бара правдата, а ако треба ќе се жали и во Стразбур.