Во општина Аеродром вчера се организираше акција за третирање на бездомните кучиња, во соработка со жители од општината, љубители на животни, кои доброволно излегоа на терен заедно со службите на стационарот „Вардариште“.
Според соопштението на општина Аеродром, акцијата се одвивала кај поштата во Ново Лисиче и опфатила хумано заловување на бездомните кучиња кои немаат маркици и никогаш не биле стерилизирани и кастрирани, а продолжува и на локации каде се пријавени глутници на кучиња.
Во акцијата кучињата биле грижливо и внимателно сместени во кафези и однесени на кастрација/стерилизација, во присуство на ветеринар.
Целта на спроведената акција е да се зголеми безбедноста на сите жители на општина Аеродром. Во меѓувреме општинските служби работат на трајно решение, односно изградба на сопствено прифатилиште, што значително ќе ја олесни ситуацијата во иднина.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











