Арди Ризал стана интернет сензација која предизвика згрозување во јавноста откако беше обелоденето на две години пуши по две кутии цигари на ден.
Неговиот татко исто така е пушач, но останатото е нејасно зошто и како на детето му било дозволено да пуши, а приказната ги збунила родителите на социјалните мрежи ширум светот.

По јавниот линч родителите успеале да извршат притисок врз него и го пофалиле што успеал да ја намали количината на цигари, а потоа и да престане да пуши.
„Беше болен, многу кашлаше и докторот кажа дека мора да престане со тоа“, изјавила мајката од детето.

Откако успеал да ја победи зависноста од никотинот, Арди своевремено замена нашол во храната. Експертите истакнуваат дека е ужасно тешко да се откажеш од животните навики усвоени во текот на раното детство и дека кај нив зависноста вообичаено се насочува кон нешто друго. Поради тоа детето почнало да се дебелее и имало здравствени проблеми.

На крајот докторите интервенирале и му вградиле гастритичен бајпас за Арди да не почине од претерана гојазност.
Денес Арди живее нормално, се храни нормално, а минатата година поминале точно 10 години откако не пуши цигари.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















