Роберт Орданоски по Фејсбук објавата за разводот која ја разбранува јавноста: Агнеса ме уби без испукан куршум

171

Целата јавност на големо зборува за синоќешната објава на Фејсбук на Робер Орданоски, поранешниот директор  на АЕК, кој јавно раскажа дека неговата сопруга Агнеса решила да стави крај на нивниот брак и ја нарече  фотошоп барбика. Орданоски кој е сега вработен како инжинер во МЕПСО, во моментов е на зимовање со двете ќерки на Пелистер, за кои вели дека се центар на неговиот свет. За Женски магазин, Орданоски ја раскажа целата приказна за разделбата од сопругата која како што вели дошла одненадеш и сè уште е во шок од нејзината одлука. Ордановски ни ја раскажа и љубовната приказна со мајката на неговите ќерки од која е 15 години постар. Разликата во години, вели тој се трудел успешно да ја менаџира.

* Се крена голема прашина по Вашата Фејсбук објава за разделбата од сопругата, зошто решивте токму преку Фејсбук да ги известите пријателите и јавноста?

–  Вчера, на 13 Јануари, беше 17-тиот роденден на постарата ќерка, Вивиен. Преголемите емоции кои ги чуствував тој момент, кој требаше да биде семеен, но испадна да биде без мајка ѝ, по нејзина желба, доведоа  емоциите да ги споделам со сите, без намера да подигнам прашина, но сепак, да укажам на некои девијации во нашето општество поттикнати од разноразни ријалити емисии, каде девојките се натпреваруваст која повештачки ќе изгледа, притоа занемарувајќи го основниот фундамент на секое општеството, а тоа е семејството. Во таков филм, за жал, упадна и мојата сопруга Агнеса, која сè повеќе време си посветуваше на себеси, сè помалку на нас тројца. Секојдневни третмани на фризери, козметичари, итн, секојдневно фотографирање и постирање фотографии со цел добивање лајкови и нејзина глорификација, мене ми изгледаат погрешни за здравјето и функционирањето на едно семејство, уште повеќе што јас сум скромен човек и ги учам моите ќерки да бидат такви. Потекнувам од семејство на интелектуалци, татко ми беше правник – судија, мајка ми професор по книжевност, брат ми инжинер по информатика, секогаш сме живееле скромно и сме ги негувале семејните вредности пред сè. Секогаш било битно семејството да биде заедно на ручек, на вечера, тоа се обидував да биде пракса и во моето семејство. Сепак, поради обврските на Агнеса секој ден после работа да оди во салон за убавина, семејниот ручек се сведуваше на мене и ќерките, кои се центарот на мојот свет. Сепак, преминував преку тоа, за да задржам мир во семејството. Се до денот недела, 10 јануари, кога ме викна да разговараме: „Решив да се разведам, оладена сум, децата ќе бидат со мене, ти ќе ги гледаш кога сакаш. Од неделата до средата на секој начин се обидував да ја смени одлуката, буквално ја молев, сепак залудно, нејзиниот став беше цврст дека крајот е тука. Одамна планиравме да отидеме неколку дена на некоја планина, децата поради онлајн наставата се постојано дома, сакав да ги изнесам малку на воздух, затоа и земав годишен одмор од компанијата во која работам. Планиравме да одиме во понеделник, на 11 јануари, сепак после разговорот во неделата вечер испадна дека во хотел„Молика“ на Пелистер ќе одам сам со ќерките и дека роденденот на постарата ќе го славиме без нејзината мајка.

* Бевте во брак со Агнеса 18 години, што се случи, зошто се разделувате?

– Во Агнеса се вљубив на прв поглед во јуни 2002 година, истиот месец започнавме врска, во Април 2003 ја носев на моето наградно патување за менаџер на годината од „Т-Мобиле“ во Рим, од каде што се вративме со најубавата вест што човек може да ја добие, Агнеса беше бремена со ќерка ни Вивиен. Во септември истата година се земавме, во јануари се роди Вивиен. Тој период бев директор во Т-Мобиле, со исклучително добри резултати во работата, за што постојано бев наградуван од странскиот и нашиот менаџмент на компанијата. Во 2010 година станав директор на АЕК, во март во 2012 се роди втората ќерка Тифани, мојот живот ја доби најдобрата содржина што еден маж и татко може да ја има. Минатиот септември правевме 17 години брак, во декември Агнеса наполни 37 години, големата разлика во години, 15, се обидував да ја менаџирам на начин да и јас се однесував како да имам 37 години, излегувавме и се дружевме со нејзини другари и другарки. Сè до кобната недела, што се случи и зошто, искрено, не знам, мислев дека имам идеален брак, а така мислеа и сите што не познаваа .

* Од секое искуство, било добро или лошо се учи, што учите- научивте вие од ова?

– Од ова искуство сум сè уште во шок, не знам сè уште што ќе научам, знам само дека Агнеса ме уби без испукан куршум, ќе се обидам барем децата да не страдаст и да имаат два функционални родители … Но, едностраната одлука на Агнеса и неоставањето простор за разговор, компромис, не ми остава многу надеж за тоа .. Знам дека нема спогодбено да се разведам, ќе се борам за децата до последниот атом сила во мене …

* Можете ли да ја издвоите најдобрата и најлошата работа- сеќавање од вашиот брак?

-Сите години заеднички живот, нашите две ќерки се најдобриот дел од нашиот брак, од неделата вечер сè е лошо … Агнеса и јас имавме релативно либерален брак, таа и јас можевме да излеземе со сопствено друштво секогаш, никогаш немало проблем околу тоа.

* Бевте долгогодишен директор на АЕК, на кој ваш професионален успех сте најгорд?

– Во АЕК имав многу резултати, Агенцијата стана оотпилно електронска, се дигитализираа сите процеси и брзината многукратно се зголеми, ја укинавме бирократијата, сранавме максимално ефикасна институција. На меѓународен план имавме успеси, 2014 година бев потпретседател на Европското регулаторно тело, БЕРЕК, инициравме укинување на меѓународниот роаминг, нашите граѓани кога патуваат да не плаќаат астрономски сметки за мобилен говор и интернет, почнавме на ниво на Балканските држави, се надевам наскоро ќе се прошири и на подрачјето на цела Европа. На домашен план воведовме 4Г, го дигитализиравме радиодифузниот простор, овозможивме поквалитетен телевизиски сигнал на гледачите во РМ. Ја унапредивме заштитата на корисничките права, формиравме Сектор за грижа на корисници со кој успешно процесиравме голем број приговори од незадоволни корисници на електронски комуникации во РМ, голем дел решававме во полза на корисниците. Ја намаливме цената на разговорот до просечни 1 денар за минута, практично работевме сè граѓаните на РМ за помалку пари да добиваат подобри услуги од нашите оператори.

* Каков е Роберт приватно, што ве прави среќен кога не работите?

-Во животот најмногу ме исполнуваатќерките, со нив сум постојано, сакам активно да учествувам во нивните животи. Си играме, разговараме, често шетаме на Водно, секоја сабота сме комплет со семејството на кафе во некое од кафулињата, се трудам секој момент од животот да го поминам со нив, затоа сето ова исклучително тешко ми паѓа. ..