„Пострашно од било кој хорор“: Гледачите вознемирени од документарецот на Нетфликс

65

Новиот документарец на Нетфликс, „Social Dilemma“, многу корисници на социјалните мрежи ги навел на размислување, а некои, според коментарите, и ги преплашил.

Филмот на режисерот Џеф Орловски се занимава со опасностите на социјалните мрежи за кои зборуваат информатичките експерти кои и сами учествувале во создавање на социјалните мрежи.

Многу твитерџии филмот длабоко ги вознемирил, а некои дури оваа драма ја нарекле ‘хорор од вистинскиот живот’.

„Штотуку го изгледав ‘Social Dilemma’. Да бидам искрена, се згрозив. Пострашен е од било кој хорор кој некогаш сум го гледала“.

„Ако ‘Social Dilemma’ не е хорор, зошто полудев на половина филм?“

„Не гледам баш хорор, но ‘Social Dilemma’ е еден од најстрашните документарци кои сум ги гледал во последно време“.

„Бизарно. ‘Social Dilemma’ не е документарец, тоа е хоророт во кој живееме“.

„Штотуку го изгледав ‘Social Dilemma’ и единствената дилема ми е дали да го фрлам телефонот во океан или во оган“.