Таткото му се налути на непослушниот принц: Хари ќе остане без два милиони долари!

242

Принцот Хари и војвотката од Сасекс, Меган Маркл, се најдоа на немилост на принцот Чарлс откако донесоа одлука да се повлечат од кралските должности и ја шокираа Велика Британија.

Принцот Чарлс, инаку татко на Хари, одлучил да им „скрати“ два милиони долари на годишно ниво, доколку парот не ја повлече својата одлука.

Инаку, околу 5% од финансиите на Хари и Меган доаѓаат од годишниот паушален износ кој го дава владата на Велика Британија, додека пак остатокот од парите, односно дури 95% од приходите ги добивале токму од принцот Чарлс.

Сега, како што пренесува „Тајмс“, Чарлс пресекол и одлучил на својот син да не му ги дава парите кои ги покривале трошоците за нивниот раскошен живот. Чарлс се одлучил на ваков чекор со цел да ги натера Хари и Меган да сфатат дека нивната иднина зависи од лојалноста кон круната и вршењето на кралските должности.

Да потсетиме, Хари и Меган пред неколку дена соопштија дека се повлекуваат од кралските должности.

Во соопштението кое беше објавено на нивниот профил на Инстаграм, парот напиша дека одлуката ја донеле „после повеќе месеци размислување и меѓусебни разговори“.