На денешен ден во 2003-та година, Мајкл Џордан (уште еднаш) го потсети кошаркарскиот свет за каква величина станува збор.
На 21.02.2003 година, шампионот на Источната конференција Њу Џерси Нетс гостуваше во главниот град против Вашингтон Визардс. Џордан постигна 43 поени (со преку 60% процент на шутевите од поле) и беше главна фигура во триумфот од 89:86 против “вицешампионот” на лигата. Најголемиот кошаркар на сите времиња постигна уште едно вонсериско достигнување. Стана првиот кошаркар кој успеал после својата 40-та година од животот, да постигне над 40 поени на еден натпревар. Во двете сезони по враќањето на Мајкл Џордан во дресот на Вашингтон, “Визардси” на крајот од првенството не успеаа во своите намери да се пласираат во “плејофот”.
Уживајте во најубавите моменти на најголемиот кошаркар на сите времиња од овој натпревар.
NBA FAN
Димитар Младеновски






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



