Регулаторна со нова одлука – промена на цената на горивата

0
353

Пред речиси две недели Регулаторна комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата, кои поевтинија.

Денеска напладне се очекува да ја соопшти новата одлука за цените, кои најверојатно ќе поскапат.

Од вторникот на 8 јануари, кога и се креираа актуелните цени до денеска, барел сурова нафта на лондонската берза е поскап за околу 3 долари и повторно е над границата од 60 долари.

Во такви услови за очекување е благо зголемување на малопродажните цени, кои не треба да биде изненадување ако се  зголемат за околу денар до денар и половина по литар.

При последната одлука малопродажните цени на бензините во Македонија, ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалија за 2,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 24.12.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 58,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 60,50 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалија за 3,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 24.12.2018 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 55,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 43,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали за 2,227ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 24.12.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 25,949 ден/кг.

Останува да видиме каква одлука ќе донесе Регулаторната комисија за енергетика денеска.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here